Америка планира да ги тестира ракетите кои беа забранети 30 години

„САД планираат во август да ги извршат првите тестирања на крстосувачките ракети кои пред 30 години беа забранети со Договорот за нуклеарните сили со краток и среден дострел (ИНФ)“, тврдат американски безбедносни извори.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендираше во февруари своето членство во договорот ИНФ, што, од правна гледна точка, отвори простор да почне да прави планови за тестирање „ненуклеарна ракета“ во август, наведува Асошиејтед прес.

Вашингтон би требало до август да се повлече од договорот, потпишан во 1987 година, со кој се забранува тестирање и распоредување ракети со одреден дострел, кои се лансираат од земја.

Демократите во американскиот Конгрес го поставија прашањето колку е мудро САД да се повлечат од договорот, но се согласуваат со обвинувањата дека Русија наводно распоредила крстосувачки ракети, со кои можат да ги гаѓаат американските сојузници во Европа.

По одлуката на Америка, и рускиот претседател Владимир Путин го суспендираше учеството на Москва во ИНФ.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе