Америка одби да учествува во Астанскиот процес за Сирија

Соединетите Американски Држави ги сметаат меѓусириските преговори во Женева под покровителство на Обединетите нации за подобар начин за решавање на конфликтот во Сирија и не планираат како набљудувачи да учествуваат на состаноците од Астанскиот формат (Русија, Иран, Турција), соопшти американскиот амбасадор во Казахстан Вилијам Мозер.

EPA-EFE

„Сметаме дека преговорите во Женева под покровителство на Обединетите нации се најсоодветниот процес за решавање на овој конфликт. Затоа, не сакаме да бидеме набљудувачи во другиот процес“, кажа Мозер.

Оружениот конфликт во Сирија трае од 2011 година. На крајот на 2017 година беше објавена победа над терористичката организација ИСИС (Исламска држава, Даеш) во Сирија и во Ирак. Во одделни делови од земјата продолжува чистењето од терористи. Во моментов во прв план е политичкото решавање на проблемите, обновувањето на Сирија и враќање на бегалците.

Од 2017 година во Нур Султан се водат преговори, познати како Астански процес, по претходниот назив на главниот град на Казахстан. Во јануари 2018 година Сочи беше домаќин на конгресот на националниот дијалог на Сирија, кој беше првиот обид од почетокот на конфликтот да се собере широк состав на учесници. Главниот резултат на конгресот беше одлуката за создавање на уставниот комитет кој дејствува во Женева и чија главна задача е да подготви уставни реформи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе