Во новиот пакет воена помош ќе има проектили земја-воздух и противартилериски радари, кои треба на Украина да и помогнат поуспешно да се брани од руските ракети со долг дострел, кои стануваат сè почести.
Пентагон најави и дека на Украина ќе ѝ испрати околу 150.000 парчиња артилериска муниција.
Станува збор за 14 американски пакет на воена помош на Украина од август 2021 година. Вашингтон на Киев вкупно му обезбедил оружје и обука во вредност од 8,8 милијарди долари.
Во рамки на новиот пакет воена помош САД од Норвешка ќе купат два системи НАСАМС. Станува збор за системи за противвоздушна одбрана кои се користат за заштита на воздушниот простор околу Белата куќа и зградата на Конгресот во Вашингтон.
Пентагон објави и дека на Украина ќе ѝ испрати уште муниција за модерните повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, кои првпат беа пратени минатиот месец.