Америка ја обвини Кина дека ги затворила муслиманите во „концентрациони логори“

САД ја обвинија Кина дека повеќе од еден милион припадници на муслиманското малцинство ги ставила во „концентрациони логори“, во една од најжестоките осуди на она што Пекинг го вика масовно притворање на главно муслиманското ујгурско малцинство и останати муслимански групи.

Коментарите на Рендал Шрајвер, одговорниот за азиската политика во американското министерство за одбрана, веројатно ќе ги зголемат тензиите со Пекинг кој е чувствителен кон меѓународна критика и тие места ги опишува како центри за преобука со цел ограничување на заканата од исламистичкиот екстремизам.

Поранешни притвореници опишале за Ројтерс дека биле мачени за време на испрашувањата во логорите, дека живееле во пренатрупани ќелии и биле подвргнати на сурови дневни режими на партиска индоктринација кои некои луѓе ги довеле до самоубиство.

Некои од тие места се опкружени со бодликава жица и набљудувачки кули.

„Кинеската Комунистичка партија ги користи безбедносните сили за масовно затворање на кинеските муслимани во концентрациони логори“, кажа Шрајвер на брифинг во Пентагон за време на поширока дискусија за кинеската војска, проценувајќи дека бројот на затворени муслимани би можел да биде „блиску до 3 милиони луѓе“.

Снимка од воздух на еден од кинеските кампови за „реедукација“ во Синџијанг

Шрајвер, помошник на министерот за одбрана, ја бранеше употребата на поимите кои веднаш асоцираат на нацистичка Германија кажувајќи дека се соодветни имајќи ги предвид околностите.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во четвртокот го употреби терминот логор за преобука за да ги опише тие места и кажа дека кинеските методи „потсетуваат на 1930-тите“.

Гувернерот на областа Синџијанг во март директно ги отфрли споредбите со концентрациски логори и кажа дека тие се повеќе нешто како „интернати“.

Американските власти тврдат дека Кина ги прогласила за криминални многу аспекти на религиската пракса и културата во Синџијанг, вклучувајќи и казнување за подочување на децата на муслиманските текстови или забрана на родителите да им даваат на децата ујгурски имиња.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе