Америка испрати бродови во Јужното Кинеско Море

Два американски носачи на авиони денес учествуваа во воени вежби во спорното Јужно Кинеско Море, потврди американската воена морнарица, додека во исто време во областа воени маневри спроведува и Кина, кои наидоа на критики од Пентагон и соседните држави.

EPA-EFE/DAN PELED

Кина и Соединетите Држави меѓусебно се обвинуваат за зголемување на тензиите во тој стратегиски пловен правец во време на веќе напнати односи во врска со низа прашања, од коронавирусот и трговијата до Хонг Конг.

Носачите на авиони УСС Нимиц и УСС Роналд Реган впловија во Јужното Кинеско Море за да „го поддржат слободниот и отворен простор на Индискиот Океан и Пацификот“, соопшти морнарицата.

Во соопштението не се наведува точно каде се одржале вежбите. Јужното Кинеско Море се протега на 1.500 километри. Кина, и покрај протестите од соседните земји, поседува 90 проценти од тоа море.

„Нашата намера е да испратиме недвосмислена порака до нашите партнери и сојузници дека се грижиме за регионалната безбедност и стабилност“, истакна вицеадмиралот Џорџ М. Викоф.

Тој појасни дека вежбите не се одговор на воените вежби што ги одржува Кина. Пекинг ги отфрли критиките од Соединетите Држави дека нејзините вежби се „контрапродуктивни и не придонесуваат за намалување на тензиите и за одржување на стабилноста“.

САД исто така посочуваат дека редовно спроведуваат вежби во Западен Пацифик, вклучувајќи го и Јужното Кинеско Море.

На 1 јули Кина започна петдневни воени вежби во близина на Парацелските острови, богати со нафта и гас, кои ги присвојуваат Кина и Виетнам, а Филипините, Малезија, Брунеи и Тајван исто така се приклучија кон критиките на Пекинг.

Јужното Кинеско Море е многу динамична трговска рута по која годишно се одвива трговија во вредност од три трилиони американски долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DAN PELED

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе