Америка има план за балтичките земји, предлог-закон за „руската агресија“

Конгресот на САД го стави на разгледување нацрт-законот за „руската агресија" во балтичките држави, пренесе РТ.

Авторот на документот е член на Претставничкиот дом на Републиканската партија, Мајкл Конвеј. Според него Русија се обидува да го „ослаби“ НАТО и сака повторно да создаде своја сфера на влијание во Европа, поради што прибегнува кон „притисок и заплашување“.

Предлог-законот содржи препораки за Пентагон. Ако се прифати, САД ќе треба да ги процени воените потреби на Литванија, Латвија и Естонија и „да преземе водечка улога за зајакнување на соработката“ со тие земји.

Покрај тоа Конвеј сугерира да се размислува за проширување на военото присуство во балтичките држави.

„Соединетите Американски Држави треба да ја истражуваат можноста за обезбедување на земјите од Балтичкиот регион со доделување на мобилни анти-ракетни системи со долг дострел, како и ефективна употреба на механизмите за распределба на трошоците заедно со сојузниците на НАТО, со цел да се намали финансискиот товар на владите домаќини“, се вели во документот.

Претходно Советот за безбедност на Русија соопшти дека има зголемување на силите на НАТО во близина на границите на Русија. Според заменик-секретарот на Советот за безбедност, Михаил Попов во последните две години, бројот на силите за брз одговор се зголемил од 25 на 40 илјади луѓе.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе