Америка им порача на своите граѓани: Веднаш напуштете ја Индија

Соединетите Држави им порачаа на своите граѓани поради епидемијата на коронавирус, која жестоко ја зафати Индија, да ја напуштат земјата што е можно поскоро.

Фото: ЕПА

Индија, денес забележа 379.257 нови случаи на ковид-19 и 3.645 починати, објави индиското министерство за здравство. Тоа е најсмртоносниот ден досега забележан во земја погодена од пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2.

Американската абасада ги предупреди своите граѓани дека „пристапот до сите видови на медицинска нега станува драстично ограничен“.

Се работи за највисоко ниво на предупредување издадено од Стејт департментот на САД до своите граѓани кои се во странство.

Вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во средата и официјално надмина 200.000, иако експертите велат дека вистинската бројка може да биде многу поголема.

Во предупредувањето испратено до американските државјани се наведува да ја напуштат Индија штом се отвори таква можност.

„Американските државјани кои сакаат да ја напуштат Индија треба да ја искористат предноста од достапниот комерцијален превоз“, се вели во предупредувањето.

Стејт департментот наведува дека некои нивни државјани исто така биле спречени да влезат во болници поради недостаток на простор.

Предупредувањето на Стејт департментот доаѓа во време кога Белата куќа објави дека САД кон Индија ќе ги пренасочи состојките потребни за производство на вакцината Астразенека, што треба да ѝ овозможи на земјата, тешко погодена од пандемијата, да произведе дополнителни 20 милиони дози на вакцината.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе