САД во декември 2019 година воведоа санкции против гасоводот, поради што швајцарската компанија Олсиз беше принудена да сопре со поставувањето цевки.
Како што наведуваат изворите на Блумберг, компанијата може да потпадне под нови американски санкции против претпријатијата кои пружаат услуги за осигурување и техничка сертификација за изградбата на гасоводот.
Осигурителната компанија не ги коментираше можните санкции против „Северен тек 2“. Компанијата претходно соопшти дека има „сеопфатен систем на регулаторна усогласеност и дека е труди целосно да се придржува до сите важечки правила на санкциите“, истакнувајќи дека не ги коментира односите со конкретните клиенти.
Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два крака на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Во изградбата учествуваат бројни европски компании.
Против изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ активно се бори Украина, која се плаши дека ќе ги загуби приходите од транзитот на рускиот гас, како и Полска, Летонија и Литванија, како и Соединетите Американски Држави, кои сакаат да ѝ го продаваат својот поскап течен гас на Европа.