Америка ги пофали талибанците по евакуацискиот лет: „Професионални и флексибилни“

Соединетите Американски Држави ги поздравија денес, како „прв позитивен чекор“, „соработката и флексибилноста“ на талибанците при првиот евакуациски лет по американското повлекување од Авганистан, за време на превозот на Американци од Кабул.

EPA-EFE

„Талибанците соработуваа во овозможувањето на заминувањето на американските државјани и лицата со постојан престој во САД, на чартер летови од Кабул“, наведе Белата куќа во соопштение. „Беа флексибилни и професионални во договорите. Тоа е првиот позитивен чекор“, се наведува.

На прашање на конференција за медиумите, портпаролката на Белата куќа одби да ги прецизира бројот на Американците на тој лет и кажа дека Вашингтон сè уште ги нема сите информации.

Владата процени дека уште стотина Американци се во Авганистан кои сакаат да заминат од земјата по големиот воздушен мост на американската војска во август, откако талибанците ја преземаа власта. Во операцијата за евакуација за петнаесет дена 123.000 луѓе го напуштија Авганистан.

„Активно работевме и тој лет е резултат на дипломатски напори“, оцени Белата куќа додека администрацијата на претседателот Џо Бајден ја обвинуваат дека ги оставила Американците на милост на талибанците и дека се согласува на условите на новите исламистички лидери во Кабул.

„Ќе ги продолжиме напорите за олеснување на безбедното заминување на американските граѓани и лицата со постојан легален престој во САД, и Авганистанците кои работеа за нас и кои сакаат да заминат“, од Авганистан, најави Белата куќа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе