Америка е подготвена да разговара со Русија

За време на денешниот разговор со својот руски колега Јуриј Ушаков, Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, ја изрази подготвеноста на Вашингтон да се вклучи во дипломатијата преку неколку канали, вклучително и билатерални разговори, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Саливан му рекол на Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, дека „секој дијалог мора да е заснован на реципроцитет и треба да реагира на загриженоста (на САД и нивните сојузници) за дејствијата на Русија“.

Британската агенција наведува дека Москва го вознемирила Западот со трупањето војници во близина на Украина и дека минатата недела презентирала листа на безбедносни предлози за кои сака да преговара, вклучувајќи и барање НАТО да се откаже од каква било воена активност во Источна Европа и Украина.

„Саливан рече дека САД се подготвени за дипломатски контакти преку многу канали. Можеме да зборуваме посебно и за билатералните контакти, преку Советот Русија-НАТО, или во рамките на ОБСЕ“, се наведува во соопштението на Советот за национална безбедност на САД, кое го пренесе руската агенција Интерфакс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе