Америка бара поддршка од сојузниците во иранската криза

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД Марк Еспер ги повика сојузниците од НАТО јавно да ги осудат иранските непријателски потези и да размислат за учество во план за подобра заштита на стратегиските поморски патишта кај Ормушкиот теснец кој е во подготовка.

Еспер побара и помош да се намалат тензиите во односите со Иран кои водат кон војна, откако Иран урна американски шпионски дрон, а Вашингтон во последен момент се откажа од воздушни напади, и да се бара решение по дипломатски пат.

„Разговарав за потребата на интернационализација на ова прашање со поттикнување на НАТО сојузниците и регионалните партнери да го изразат своето противење на лошото однесување на Иран и да ни помогнат да спречиме понатамошни провокативни акции со подобрување на поморската безбедност“, им кажа Еспер на новинарите по средбата одржана зад затворени врати. Европските сојузници на средбата кажале дека сакаат и САД и Иран да ги намалат тензиите, додавајќи дека ќе ги поддржат сите дипломатски напори тоа да се постигне.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани со „уништување“ на делови од Иран ако ги нападне американските интереси, а иранскиот претседател Хасан Рохани, пак, оцени дека Белата куќа е „ментално ретардирана“.

Еспер истакна дека Вашингтон не сака војна туку бара европска поддршка за да се најде дипломатско решение. „Не сакаме оружен судир со Иран, но спремни сме да ги браниме американските сили и интереси во регионот. Никој не би смеел да ја смета воздржаноста за слабост“, кажа тој.

Иако голем број сојузници ја поддржале општата порака на Еспер на средбата, но Франција изразила загриженост поради можната формална улога на НАТО во иранската криза, соопшти дипломат на НАТО. Германија ја истакнала важноста на меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015, истакнувајќи дека „тоа е единственото што го имаат“.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе