Амбасадорот на САД во Приштина: Формирањето на војската на Косово е позитивна работа

Новиот амбасадор на САД во Приштина Филип Коснет оцени дека најавеното формирање на војска на Косово, за што парламентот ќе расправа на 14 декември, е „позитивна работа“.

Коснет, кој неодамна на местото амбасадор на САД во Приштина го замени Грег Делави, во интервју за РТК кажа дека косовските лидери изјавија дека таа војска во иднина ќе биде дел од „меѓународните мировни операции“.

„Косово дојде до точката кога, наместо само да ги користи механизмите на меѓународната безбедност, може и да придонесе, што е добредојдено“, кажа Коснет и додаде дека тоа е долг процес кој ќе трае повеќе години.

Тој истакна дека за време на мандатот во Приштина ќе се фокусира на поддршката на лидерите на Приштина и Белград да најдат начин да продолжат со дијалогот, за да се постигне решение прифатливо за двете страни.

Според него, ова е критичен момент за дијалогот, како и дека е многу важно Белград и Приштина да пристапат „во духот на соработката“.

Тој додаде и дека САД го сметаат Косово за „успешна приказна“, не само за Вашингтон туку и за граѓаните на Косово.

„Сметам дека посветеноста на Америка на иднината на Косово е непоколеблива. Всушност, би кажал, тоа е областа каде што постои целосен консензус меѓу републиканците и демократите, меѓу владата, администрацијата и Конгресот“, заклучи Коснет.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе