Амбасадорот на Мјанмар во ОН им се спротивстави на воените власти, веднаш е сменет (ВИДЕО)

Амбасадорот на Мјанмар во Обединетите нации е сменет откако им се спротивстави на воените власти во својата земја, додека во Мјанмар денес на протестите се приведени повеќе десетици луѓе.

EPA-EFE

Во емотивниот говор Кјав Мое Тун кажа дека никој не би требало да соработува со војската додека не ѝ ја предаде власта на демократски избраната влада, пренесуваат агенциите.

Тој ги повика земјите членки на ОН да издадат јавни соопштенија во кои остро го осудуваат воениот удар и одбиваат да ја признаат воената власт и да побараат од воените лидери да ги почитуваат слободните и фер избори на кои во ноември победи Националната лига за демократија, партијата на уапсената шефица на цивилната влада Аунг Сан Су Кји.

„Време е војската веднаш да ја предаде власта и да ги ослободи приведените. Ние ќе продолжиме да се бориме за владата која е од народот и за народот“, кажа амбасадорот.

Безбедносните сили денес го зголемија притисокот врз демонстрантите против воената влада.

Протести и денес беа одржани во неколку градови, а полицијата пукаше со гумени куршуми и фрлаше солзавец за да ги разбрка демонстрантите.

Локалните медиуми пренесуваат дека повеќе десетици луѓе се уапсени, а дека во градот Монива една жена е погодена со огнено оружје.

Протестите во Мјанмар траат од 1 февруари кога во воен удар беше урната демократски избраната влада, а војската ги уапси цивилните функционери и пратеници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе