„По повод прогласувањето на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципрочен начин“, се вели во соопштението на Министерството.
Во дипломатската нота, во која Танјуг имал увид, се наведува дека, врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.
„Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа“, се вели во нотата.
Се додава дека Министерството за надворешни работи на Србија ја искористи можноста повторно да ја изрази својата длабока почит кон Министерството за надворешни работи на Црна Гора.
Претходно, српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ беше прогласен за персона нон грата и од него е побарано да ја напушти Црна Гора.