Амбасадорот на Црна Гора прогласен за персона нон грата во Србија

Српското Министерство за надворешни работи на 28 ноември објави дека го прогласи амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата.

„По повод прогласувањето на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципрочен начин“, се вели во соопштението на Министерството.

Во дипломатската нота, во која Танјуг имал увид, се наведува дека, врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа“, се вели во нотата.

Се додава дека Министерството за надворешни работи на Србија ја искористи можноста повторно да ја изрази својата длабока почит кон Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Претходно, српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ беше прогласен за персона нон грата и од него е побарано да ја напушти Црна Гора.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе