Амбасадата на САД бара итно продолжување на нафтените операции во Либија

Американската амбасада во Либија апелираше веднаш да се обноват нафтените операции во таа земја блокирани од саботата од страна на силите на генералот Калифа Хафтар.

„Операциите на либиската Национална нафтена компанија треба веднаш повторно да почнат“, објави американската амбасада на Твитер.

Таа истакна длабока загриженост по прекинот на извозот и производството на повеќето нафтени полиња.

Прекинот на операциите може да ја „влоши хуманитарната ситуација во Либија и да нанесе нови непотребни маки на либискиот народ“, соопшти амбасадата на САД.

Силите лојални на генералот Хафтар во саботата ги блокираа главните нафтени терминали на истокот на Либија, непосредно пред меѓународниот самит во Берлин во неделата на кој беше повикано да прекине странското мешање и да почне мировниот процес во земјата.

Извозот е прекинат во пристаништата во таканаречената нафтена полумесечина, главна за либиската економија – Брега, Рас Лануф, Ал Седра, Ал Харига и Зуитина.

Либиската нафтена компанија во понеделникот соопшти дека капацитетот за чување на нафтата во тие пристаништа е ограничен и дека ќе мора целосно да го прекине производството на сирова нафта што се достигне максималниот капацитет.

Компанијата укажа и на прекинот на производството во двете големи нафтени полиња на југозападот на земјата.

Со новите блокади нафтените операции се речиси сопрени во земјата.

Државната нафтена компанија укажа на пад на производството од 1,2 милиони барели дневно, додека земјата просечно произведуваше по 1,3 милиони барели дневно.

Вашингтон силно се противи на блокадата на извозот на либиската нафта затоа што тоа предизвика пораст на светските цени на нафтата.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе