Амбасадата на Русија ја потврди смртта на четворицата Руси во хотел во Албанија

Амбасадата на Русија во Тирана ја потврди смртта на четворицата државјани на Русија во еден албански хотел.

EPA-EFE

Амбасадата изрази надеж дека за инцидентот ќе биде спроведена детална истрага, соопшти руското министерство за надворешни работи на својот канал на Телеграм.

„Амбасадата на Русија во Албанија ја потврди смртта на четворицата Русија во хотелот во албанска Каваја. Конзуларниот оддел на руската дипломатска мисија во Албанија е во редовен контакт со албанската полиција која ги истражува околностите на овој инцидент. Ние се надеваме на темелна истрага на надлежните албански служби за причините на смртта на руските државјани“, се наведува во соопштението на руското дипломатско претставништво во Тирана, пренесува ТАСС.

Според албанските медиуми, телата на четворица Руси беа најдени во петокот вечерта во хотелската сауна во местото Керет и дека „руските туристи се задушиле“.

Амбасадата на Русија во Албанија потврди дека ги истражува деталите на фаталниот инцидент.

Според претходните полициски информации кои ги пренесоа албанските медиуми, жртвите се двајца мажи и две жени на возраст меѓу 31 и 58 години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе