Амазон вработува нови 100.000 луѓе

Американскиот дигитален гигант Амазон објави дека ќе ангажира дополнителни 100.000 работници во САД и Канада за да го следат силното темпо на побарувачка за набавки преку Интернет во време на пандемијата.

За најголемата светска онлајн продавница, тоа ќе биде четврт циклус на вработувањa оваа година и планира да ангажира работници со полно и скратено работно време во 100 нови магацини и подружници што ќе бидат отворени овој месец.

На крајот на јуни, Амазон имал 876.800 работници, не сметајќи ги подизведувачите и работниците вработени на определено.

Веста ја одразува континуираната потреба на Амазон за работна сила за подигање, пакување и доставување производи до домашните врати, но и скок од 40% на приходите во последниот квартал и најголем профит во 26 години постоење.

„Паралелно, компанијата воведува автоматизација во најновите згради“, рече потпретседателката Алисија Болер Дејвис.

„Ќе продолжиме да ја применуваме технологијата каде што е соодветно и каде што можеме да го подобриме целокупниот работен процес“, рече Болер Дејвис.

Таа не појасни дали автоматизацијата значи помалку работни места во магацините, додавајќи само дека Амазон користи свои системи за соработка со луѓето.

„Покрај најавените нови 100.000 работни места, компанијата ја проценува и потребата за сезонско вработување во текот на зимскиот период“, рече Болер Дејвис.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе