Амазон ја забрани продажбата на милион производи заради лаги поврзани со коронавирусот

Амазон објави дека во последните неколку недели забраниле продажба на милиони производи поради лажни тврдења дека ја лекуваат болеста предизвикана од коронавирусот, или дека штитат од зараза.

Досега, ширум светот од зараза со коронавирусот починаа најмалку 2.800 луѓе. Првиот случај на зараза е забележан кон крајот на минатата година на пазар во кинескиот Вухан, а денес бројот на нови случаи во други земји го надминува оној во таа азиска земја.

Амазон е под надзор поради производи што се продаваат на нивната платформа, со тврдење дека нудат сигурна заштита од зараза. Италијанските власти оваа недела поднесоа кривична пријава против трговците кои ги измамиле клиентите со вакви тврдења, продавајќи заштитни маски и средства за дезинфекција по напумпани цени.

Италија бележи најголем број на зарази со коронавирусот во Европа и воведе карантин во неколку градови за да го спречи неговото ширење. Многу аптеки останале без заштитни маски и средства за дезинфекција, па граѓаните почнале да ги купуваат преку Интернет, по нереално високи цени.

„Цената на маската на интернет се искачи од еден цент на 10 евра, а едно литарско шише средство за дезинфекција од седум евра минатата недела на 39 евра во вторникот“, рече заменик јавен обвинител на Милано, Тизијана Сицилиано.

Новинар на Ројтерс ги проверил цените на интернет страницата за споредба, откривајќи дека трговец на Амазон продавал пакет од 10 заштитни маски на американкиот 3М за 128 долари. До неодамна, просечната продажна цена на пакетот изнесувала 41,24 долари, според податоците на интернет страницата camelcamelcamel.com.

Дополнителни проверки во текот на денот откриле дека производот веќе не е достапен, пренесува Ројтерс.

„Амазон не толерира напумпани цени“, се вели во изјавата на портпаролката на американската компанија. Таа се повика на политиката на компанијата според која информациите за производот мора да бидат точни и истакна дека Амазон може да отстрани понуди доколку се утврди дека ја нарушуваат довербата на купувачите.

Тоа важи и за цените „значително повисоки од она што се барало за одредени производи во претходниот период, на Амазон или надвор од него“, додаде таа.

Компанијата не сакаше да разјасни како го пресметува прагот според кој еден предмет се смета за со несоодветна цена. Тие забележаа дека ги следат скоковите во цените и лажните тврдења за производите преку комбинирање на автоматизирана и рачна анализа на понудите.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе