Висок турски функционер

Алтун: Турската армија наскоро влегува во Сирија (ВИДЕО)

Високиот турски функционер Фахретин Алтун денеска рече дека турската армија заедно со сојузничките бунтовници „наскоро“ ќе влезе во Сирија, откако претседателот Доналд Трамп најави повлекување на САД од областа.

„Турската армија, заедно со Слободната сириска армија, наскоро ќе ја премине турско-сириската граница“, рече Алтун, директор за комуникации во турското претседателство.

Во авторски текст за Вашингтон пост тој ја повика меѓународната заедница да застане зад Анкара.

Според него, Турција сака да ги „неутрализира“ сириските курдски борци во североисточна Сирија и „да ги ослободи локалните жители од јаремот на вооружените разбојници“.

Анкара ги смета курдските борци во Сирија, кои се бореа со американските сили против Исламска држава, за терористи блиски до забранетите курдски движења во Турција.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе