Алпите се менуваат, голем глечер лизга кон долината

Мон Блан и Матерхорн се двете најпознати планини на Алпите и научниците тврдат дека климатските промени од корен ги менуваат зголемувајќи ја опасноста од одрони на камења и движење на глечерите.

„На местата на кои што имавме одморишта не можете деновиве долго да се задржите поради опасноста од одрони на камења“, вели Јан Бетел, планински водич и научник од швајцарскиот универзитет ЕТХ.

„Сѐ што е поголемо од половина јаболко, е потенцијално смртоносно. Планината секогаш се менува, но нема дилема – сѐ повеќе има поголеми одрони на камења“, додава тој.

Една од причините е топењето на вечниот мраз кој ги држи карпите и седиментите приковани во текот на целата година.

„Гледаме јасен тренд на загревање во областа на пермафростот особено по 2010 година“, вели Жанет Нетцли, експертка на Институтот за истражување на снегот и одроните во Давос. Во лето најгорните метри на вечниот мраз се топат.

„Очигледна е тенденцијата на зголемување на тој стопен слој“, додава Нетцли.

Дополнително на топењето на вечниот мраз, топењето на снегот предизвикува влевање вода во пукнатините, што исклучително го зголемува притисокот, вели Бетел, и тоа може да предизвика цели карпи одеднаш да се откачат.

На италијанската страна на Мон Блан на границата со Франција, локалното население е загрижено.

Спектакуларниот глечер Планпинсо лизга сѐ побрзо кон долината како резултат на глобалното загревање. На глечерот е поставен радар кој го следи движењето на ледената маса секојдневно.

Некои научници тврдат дека се претерува околу ризикот тони мраз да се лизнат и да го поклопат жителите и туристите.

„Нема ризик за Вал Ферет, дури и да се лизнат 250.000 квадратни метри“, вели климатологот Масимилијано Фацини од универзитетот Ферара.

Тој мисли дека во овој случај предупредувањата се претерани.

„Жителите и туристите не се во опасност“, тврди тој.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе