„Екипа од 10 непалски шерпаси се искачија на К2 денес попладне“, изјави секретарот на Пакистанскиот алпинистички клуб (АЦП) Карар Хаидри.
К2, висок 8.611 метри, е познат како „Дива планина“, се наоѓа во северен Пакистан во близина на границата со Кина.
Тоа досега беше единствениот врв повисок од 8.000 метри на кој не беше изведено зимско искачување.
Врвот првпат е совладан на 31 јули 1954 година.
Повеќе од 50 планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции, исто така ќе се обидат да се искачат на него оваа зима.
К2 се смета за потешко искачување од она на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.
Во август 2008 година 11 планинари загинаа во лавина на К2, во една од најлошите несреќи во историјата на алпинизмот.
Северен Пакистан е магнет за планинарите и дом на некои од највисоките планини во светот, меѓу кои К2 и Нангапарбат, позната и како „Планина убиец“.