Први од 2019

Алпинисти од САД и Швајцарија загинаа на Монт Еверест

Тие се првите што загинале на планината од 2019 година.

Фото: Пиксабеј

Двајца странски планинари се првите што загинаа на Монт Еверест од 2019 година.

Организаторите на експедицијата велат дека Пувел Луи, 55-годишен американски државјанин, стигнал речиси до врвот, но морал да се врати назад поради снежно слепило и исцрпеност, пренесе Франс прес. Со помош успеал да стигне до Кампот 4, но синоќа починал.

Швајцарскиот алпинист Абдул Вараич (41) починал во средата откако стигнал до врвот. „Абдул успешно го достигна врвот, но почна да има проблеми за време на неговото спуштање“, вели Чанг Дава од непалскиот оператор „Севен самит трекс“, пренесе АП.

„Испративме уште двајца шерпаси со кислород и храна. За жал, шерпасите не успеаја да го спасат“, вели Дава.

Телата сѐ уште се на планината и не се знае кога ќе бидат извлечени. Мај е најпрометниот месец за искачување на Еверест и Непал оваа година издал рекордни 408 дозволи, но лошите временски услови ги принудија планинарите да се спуштат на помали височини.

Сезоната на качување минатата година беше откажана поради пандемијата. Оваа година е дозволено да продолжи искачувањето, и покрај информациите за ковид-жариште во базниот камп Еверест.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе