Алпи, снег и лавина: Седум загинати, има и исчезнати (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа во Алпите во текот на викендот поради обилните снежни врнежи, додека скијачи во Австрија, Германија и Италија се соочуваат со лавини.

Во два одделни случаи на снежни лавини во Австрија, на планината Форларберг во близина на Салцбург, загинаа двајца германски граѓани, пренесе Би-би-си. Еден скијач загинал во Баварија, кога на него паднало дрво во близина на градот Бад Толц, додека на планината Таџенберг загина девојка кога лавина се срушила на неа.

Како се наведува, двајца планинари загинале во италијанските Алпи, а нивните тела биле пронајдени од спасувачи на височина од 2.800 метри на планината Кристалера, во близина на Торино. Спасувачите трагаат по уште неколку лица кои се водат за исчезнати во Алпите.

Во Тирол во Австрија е издадено предупредување за лавини, како и во делот на Алпите во Баварија, а скијачи се преупредени да избегнуваат да скијаат по патеки кои не се во добро познатите скијалишта, а бројни планински патишта затоа се затворени.

Италија е погодена од снежен бран, а снегот е забележан и на југ на земјата - на планината Везув, недалеку од Неапол.

Ширум Баварија, поради снегот се затворени бројни училишта, а затворен е и железничкиот сообраќај.

Како што се наведува, во следните денови се очекуваат уште снежни врнежи, особено во Австрија, каде што се предвидува и до 120 сантиметри нов снег.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе