Алјаска урива рекорди, измерени највисоките температури во историјата

Рекордно високи температури се измерени на неколку локации во јужниот дел на американската држава Алјаска, објави во петокот американскиот Хидрометеоролошки институт.

Рекордни температури во четвртокот беа забележани на аеродромот Анкораџ, каде што термометарот се искачи на 32,2 Целзиусови степени, што е повеќе од претходниот рекорд од 29,4 степени, кој е регистриран на 14 јуни 1969 година, во најголемиот град во таа држава.

„На неколку локации низ цела јужна Алјаска забележан е најтоплиот ден досега“, извести Заводот. „И други локации имаат рекордна висока температура“.

Температурите во четвртокот беа највисоки откако почна евидентирањето во таа северна американска држава од 1952 година.

Просечните јулски температури во Алјаска се под 20 степени.

Минатиот месец метеоролошката служба на Алјаска објави дека тоа бил најтоплиот јуни од почетокот на бележењето на температурите, со оглед на просечните температури под 16 степени.

Во исто време, количеството врнежи е рекордно ниско.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе