По соборувањето на украинскиот патнички авион

Али Хамнеи ќе ја води молитвата за прв пат по осум години

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денес ќе ја води молитвата во Техеран, за прв пат од 2012 година, за време на антивладините протести во Иран што избувнаа откако иранската војска урна украински патнички авион минатата недела, јави Би-би-си.

Властите се соочуваат со притисокот од демонстрантите поради соборувањето на украинскиот патнички авион и економското забавување во услови на американски економски санкции.

Иранската новинска агенција Мехр објави дека осумдесетгодишниот Хамнеи не го поврзал водењето на молитвата во џамијата во Техеран со политичката ситуација во Иран.

Агенцијата Мехр ги цитираше официјалните лица кои кажаа дека „иранската нација уште еднаш ќе го покаже своето единство и величественост“.

Хамнеи последен пат ја водел молитвата на 33-годишнината од Исламската револуција во 2012 година.

Водењето на молитвата во главниот град е симболично важен чин, вообичаен кога иранскиот врховен лидер сака да пренесе важна порака, рече Мехди Калаџи од Институтот за блискоисточна политика во Вашингтон.

Претседателот Хасан Рохани во средата повика на национално единство. Сепак, тој побара од војската целосно да се расветли како дошло до рушење на авионот.

Иранската противвоздушна одбрана собори украински авион Боинг 737-800 на пат од Техеран кон Киев. Загинаа 176 луѓе, повеќето од нив Иранци и Канаѓани.

Три дена иранските власти негираа одговорност, но, по меѓународниот притисок, Техеран призна дека авионот бил срушен од човечка грешка и дека била заменет за крстаречка ракета.

Претходно, ирански ракети погодиле две американски воени бази во Ирак, поради што иранската противвоздушна одбрана сметала дека ќе следи против напад, се вели во официјалното објаснување на Техеран.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе