Александрија Окасио-Кортез е тужена поради блокирање на критичарите на Твитер

Најмладата членка во историјата на американскиот Конгрес Александрија Окасио-Кортез се соочи со тужба поради блокирање луѓе на Твитер.

Поранешен член на општината на државата Њујорк Дов Хикинд и Џозеф Саладино, јутјубер кој се кандидирал за Конгресот поднесле тужба против неа.

И двајцата се повикаа на овонеделната пресуда против американскиот претседател Доналд Трамп, според која тој го прекршил законот блокирајќи ги критичарите на социјалните мрежи.

Обвинителите сметаат дека законот треба да се однесува на сите политичари, па ако на Трамп не му е дозволено да блокира луѓе, тоа според нив, не треба да ѝ е дозволено ни на младата политичарка на Демократската партија Александрија Окасио-Кортез, која на Твитер ја следат 4,7 милиони луѓе.

Судот во Њујорк во пресудата против Трамп заклучи дека претседателот ги прекршил законите за слобода на говорот блокирајќи ги критичарите на Твитер.

„Првиот амандман не му дозволува на јавен службеник кој користи социјални медиуми за сите официјални цели да исклучува лица од инаку отворен онлајн дијалог затоа што изразиле ставови со кои службеникот не се согласува“, објасни судот, пренесе Би-би-си.

Хикинд во тужбата наведува дека конгресменката го блокирала кога ја критикувал неа и нејзините политички ставови. Притоа наведува дека „како цврст заговорник на еврејските вредности“ бил блокиран „чисто поради својата поддршка за застапување на еврејските вредности и Израел“.

Неодамна Хикинд ја критикуваше Окасио-Кортез кога на Твитер напишала дека Владата на САД има „концентрациони логори“ на границата со Мексико. Александрија Окасио-Кортез е всушност меѓу многуте критичари на притворите на американско-мексиканската граница и тврди дека луѓето таму се чуваат во тесни и нехигиенски услови.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе