Сведочејќи на судењето, Џонс призна дека згрешил за пукањето во училиштето Сенди Хук. „Пукањето се случи“, рече тој.
Во масовното пукање во училиштето Сенди Хук загинаа 12 деца и 6 возрасни. Судењето се одржа во судницата во Вотербери, на околу 20 милји од Њутн, каде што се случи масакрот.
Во тужбата беше обвинета матичната фирма на Џонс и Инфоворс, Фри спич системс, дека ги користела масовните убиства за да ја изгради својата публика и да заработи милиони долари.
Во сведочењето на судењето Џонс се обиде да се огради од теориите на заговор, им се извини на родителите и призна дека Сенди Хук е „100 проценти реално“.