Албанско семејство го тужи Бајден: „Поради него не добивме виза“

Албанското семејство Мисљими го тужи Претседателот на САД Џо Бајден, а тврди дека иако е избрано за американска „виза за разновидност“, нивното барање сè уште не е разгледано.

EPA-EFE

Како што јавува Репортери, тужбата е поднесена против Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, амбасадорката на САД во Тирана Јури Ким и директорот на конзуларните работи Морган Мајлс.

Семејството Мисљими тврди дека во јуни 2020 било избрано за добивање американска виза, но дека нивното барање за добивање виза не било разгледано, прво поради пандемијата, а дека подоцна центарот кој одлучува за секој случај го разгледал и нивниот но не ги ставил на листата на приоритети.

Албанското семејство тврди дека американските сојузни функционери не ги почитувале административните процедури и дека бара од судот да му нареди на американскиот Стејт департмент да го разгледа поднесувањето на барањето и добивање на визата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе