Албанските социјалисти покренаа импичмент на претседателот

Албанските пратеници од владејачката Социјалистичка партија покренаа постапка за импичмент против претседателот на земјата, обвинувајќи го за прекршување на уставот за време на последните избори, рече шефот на парламентарната група на социјалистите, Таулант Баља.

Фото: ЕПА

Тој изјави дека 50 пратеници на Социјалистичката партија побарале од парламентот да покрене истрага откако беше утврдено дека претседателот Илир Мета „извршил дејствија што се спротивни на уставот на земјата пред и за време на изборната кампања“.

За време на предизборната кампања, Мета го обвини Рама за водење „клептократски режим“, дека лошо постапува во здравствената криза, ја одложува интеграцијата на земјата во ЕУ и ја концентрира целата моќ во свои раце.

Социјалистите убедливо ги добија изборите и освоија 74 места во парламентот со 140 места, што е доволно за самостојно да формираат влада.

Баља рече дека сегашниот парламент има доволно време до 9 септември, кога завршува неговиот мандат, „да формира истражни комисии и да ја заврши (постапката за отповикување) во рамките на неговиот мандат“.

Тој не зборуваше за тоа дали социјалистите ќе успеат да обезбедат двотретинско мнозинство за усвојување на барањето за повлекување. По гласањето во парламентот, конечната пресуда ја донесува Уставниот суд.

Прес-канцеларијата на Мета не одговорила веднаш на барањето за коментар, но тој на својата фејсбук-страница порача: „Не се занимавајте со замајувачки бомби, туку со истрага за изборни злосторства“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе