Албанскиот претседател: Косово е гарант на безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија Иљир Мета изјави на 75-тото заседание на ОН дека членството на Косово во Обединетите нации би донело корист не само за Косово, туку и за целата меѓународна заедница.

EPA-EFE

„Го поттикнуваме и поздравуваме фактот дека албанскиот фактор продолжува да го поддржува европскиот и евроатлантскиот курс во целиот регион, истовремено јакнејќи ја регионалната соработка во дизајнирањето и спроведувањето амбициозни проекти“, кажа Мета, поздравувајќи го договорот од 4 септември од Вашингтон меѓу Косово и Србија.

„Го поздравуваме договор за економска нормализација постигнат меѓу Косово и Србија, на кој посредуваше и го гарантира претседателот на САД Доналд Трамп. и понатаму се надеваме дека овој договор ќе донесе нова динамика во односите на Косово и Србија. Со посредување на Европската Унија, двете земји треба да ја искористат оваа прилика да постигнат конечен и правно обврзувачки договор за заемно признавање, како и целосна нормализација на односите меѓу нив“, кажа Мета.

По говорот, Мета кажа дека Албанија силно верува дека Косово е гарант на безбедноста и стабилноста на Балканот.

„Косово вопостави силна уставна и правна рамка која обезбедува невидена заштита на малцинските права и нивното културно наследство. Ова е целосно доследно, па дури и ја надминува релевантната европска правна рамка во поглед на заштитата на човековите права. Денес Косово е член на многу меѓународни организации и регионални иницијативи. Членството на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги Обединетите нации, би донело корист не само на Косово, туку и на целата меѓународна заедница“, кажа албанскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе