Вечерње новости

Албански полицајци патролираат по црногорско село, локалците вознемирени

Неколку локални жители на селото Ѓулиќи во црногорската општина Андријевица го информирале весникот Вечерње новости преку дописништвото во Беране за настан што предизвикал „вознемиреност“ во тој регион.

„Во близина на Ѓулиќи забележавме полициска патрола од Албанија. Иако невооружени, симптоматично е што баш сега се појавуваат на наша територија. Ги информираме надлежните дека ќе се самоорганизираме и дека повеќе нема да дозволиме никаква контрола на нашата територија, со кого и да се договориле Албанците“, изјавиле жителите на црногорското село, јавуваат Вечерње новости.

Полицијата за весникот неофицијално кажала дека станува збор за спроведување договор меѓу Црна Гора и Албанија, со кој двете држави подобро би се спротивставиле на организираниот криминал.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе