Албанската полиција: Иранска терористичка ќелија планирала напади во Албанија

Албанската полиција соопшти дека открила иранска паравоена мрежа, која наводно планирала напади во Албанија.

Таа планирала напад врз прогонети членови на иранската група Муџахедин-е Калк, или МЕК, која се обидува да ја собори владата на Техеран.

Шефот на полицијата Арди Велиу тврди дека странско крило на Иранската револуционерна гарда управувало со „активната терористичка ќелија“, чија цел биле членови на групата Муџахедин-е-Калк во Албанија.

Велиу не кажа детали за планираниот напад, ниту дали некој е уапсен.

Во полициското соопштение се вели дека двајца ирански безбедносни функционери ја раководеле ќелијата од Техеран и дека мрежата наводно била поврзана со криминални групи во Турција, а користела бивш член на МЕК за да собира информации во Албанија.

Работата на Муџахедин-е Калк е забранета во Иран, а групата се наоѓаше на листата на терористички организации на Стејт департментот сè до 2012 година.

Велиу исто така рече дека во март годинава бил спречен уште еден напад, кој, како што тврди, агенти на иранската влада планирале да го извршат против групата во Албанија.

Минатата година Албанија го избрка иранскиот амбасадор од земјата за наводни нелегални активности што ја загрозуваат безбедноста на Албанија.

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе