Албанската мафија го презела британскиот пазар на кокаин вреден пет милијарди фунти

Албанска мафија ја презела контролата над пазарот на кокаин во Британија, јавува британски Мирор и додава дека вредноста на тој пазар се проценува на пет милијарди фунти.

Таа мафија полека го презела кокаинскиот пазар во Британија, откако голем број Албанци се преселиле во Британија по падот на комунизмот во Албанија во 1990 година.

Како шо пишува британскиот весник, сега „застрашувачките криминалци“ го контролираат речиси целиот пазар во Британија, со кокаин кој е најевтин од 1990 година, и најчист во последните 10 години.

До преземањето на пазарот дошло откако албанската мафија ги исфрлила од игра посредниците и почнала директно да комуницира со колумбиските картели, што овозмоѓило пониска цена и повисок квалитет на кокаинот на пазарот.

Затоа сега Британија се соочува со најголемиот број млади корисници на кокаин во Европа.

Мирор наведува дека еден од главните запченици во таа империја е озлогласената банда „Хелбанијанс“, која владее со дел од источен Лондон. Бандата дури имала и официјален инстаграм профил со 115.000 следачи, кој бил затворен во ноември минатата година.

Портпаролот на британската Национална агенција за криминал изјави за весникот дека албанските криминални групи имаат големо влијание врз останатите криминални организации во Британија и пристапот до пазарот со наркотици, пред сѐ на кокаинот, а поврзани се со групи за перење пари и трговија со луѓе.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе