Албанија прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа

Владата на Албанија прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа и соопшти дека се ограничуваат правата на граѓаните до нивото неопходно за заштита на јавното здравје.

Тоа значи дека се забрануваат сите јавни собири, поголеми овластувања им се даваат на државните органи, вклучувајќи и влегување во приватен имот за тестирање на коронавирусот, а граѓаните се обврзуваат да пријават симптоми на заболувањето.

Сите гранични премини се затворени, освен летот за Турција, кој сѐ уште функционира. Училиштата, кафулињата, рестораните, салите за вежбање и продавнците се затворени, освен тие со неопходните производи. Само мал број државни и приватни вработени имаат дозвола за работа во траење од осум часа дневно, а на граѓаните им е дозволено да излезат само за купување храна и лекови. Оваа ситуација ќе остане на сила на неодредено, сѐ додека трае епидемијата на коронавирусот. Во Албанија досега се евидентирани 146 случаи на зараза со ковид-19 и пет смртни случаи.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе