Албанија понуди да ја финансира Приштина контра Србија

Шефот на албанската дипломатија ѝ предложи на Приштина со заеднички средства да почнат кампања за признавање на независноста на Косово.

Вршителот на должноста министер за надворешни и европски работи на Албанија Гент Чакај изјави дека ѝ предложил на владата во Приштина со заеднички финансиски средства да почнат кампања за признавање.

Како што пренесува приштинска Газета експрес, Чакај му кажал на шефот на косовската дипломатија Глаук Коњуфца да потпишат договор и да преземат заедничко лобирање за признавање на косовската држава.

Тој предложил на претстојната седница на косовската и албанската влада во Скадар да бидат потпишани два договори – за поделба на трошоците во кампањата за лобирање и втор, кој би се однесувал на пренесување на искуствата во процесот на европските интеграции.

Чакај е Албанец од Косово кој во владата на албанскиот премиер Еди Рама ја врши должноста на министерот за надворешни работи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денес дека Чакај со оваа идеја внел нова надеж и динамика во моментот, како што кажа, на „консолидација на земјата“.

Чакај на Тачи му кажал и дека секаде каде што ја претставува Албанија, тоа го прави и за Косово.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе