Желба за „голема Албанија“ или чист очај?

Албанија го одби барањето на Тачи за издавање пасоши на Косовците

Албанија одговори со „не“ на барањето на Приштина на граѓаните на Косово да им издаде албански пасоши бидејќи Косовците не сакаат да ја трпат изолацијата од остатокот од Европа.

Прашањето е што се крие зад молбата на косовскиот претседател Хашим Тачи: создавање на голема Албанија или станува збор за чист очај?

Албанскиот пасош е црвен и го има препознатливиот двоглав орел. Со него може да се патува и, знаејќи го тоа, Хашим Тачи побара од Иљир Мета на граѓаните на Косово да им овозможи да станат и граѓани на Албанија.

„Но тука суштината е дека сепак постои идеја која се залага за потесно поврзување на Тирана и Приштина, и не би сакал да кажам но личи на создавање на една држава“. Смета шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Тачи се реши за потегот бидејќи, како што вели, Европа Косовците ги држи во изолација. Но всушност, од Приштина се бара да исполни два услови за да добие безвизен режим: да ја заврши демаркацијата на границата со Црна Гора и да ја продолжи борбата против организираниот криминал и корупцијата. Од Тирана им порачуваат дека домашното од Брисел мора да се напише.

„А Албанија на сите да им даде државјанство не е решението, само дополнително би ја искомплицирало ситуацијата. Ја разбирам фрустрацијата на косовските лидери, но ова е повеќе потег на очајник отколку вистински предлог. Не верувам дека Тачи тоа го мисли сериозно“, вели Ремзи Лани, од Албанскиот институт во Тирана.

Го немаат само Албанците тој проблем, туку и Србите од Косово. Ни тие немаат српски пасош, но тие не мрдаат подалеку од своите дворови, државјанствата и други документи мора да ги вадат во Ниш, па чество се одјавуваат и фиктивно се пријавуваат на адреси во Србија. Значи, мачно им е и на едните и на другите.

„Мислам дека ова е повторно еден апел да се решава прашањето на Косово и тие некои конкретни животни прашања. Без тоа политичко решение, тоа мора да се решава“, вели Хедвиг Морваи, од Европскиот фонд за Балканот.

Интересно е тоа што Албанците досега на своите сонародници на Косово им излегуваа во пресрет, па така тие со лична карта ја минуваат границата, а ги делат и масите и столиците во амбасадите и конзулатите, но пасошот, изгледа, не го делат толку лесно.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе