Албанија ги прогласи за непожелни Грците на погребот на Кацифас

Албанија за непожелни прогласи 52 грчки граѓани што присуствуваа на погребот на Константинос Кацифас, државјанин на Албанија и на Грција.

Минатата недела тој беше убиен од албанската полиција на југот на земјата.

Албанскиот помошник-министер на полицијата Саимир Љешај ја оцени како „неприфатлива, навредлива и опасна“ активноста на групата за време на погребот.

Тој рече дека нивното однесување било провокативно и опасно, истакнувајќи дека групата ја блокирала клучната сообраќајница и им се заканувала на новинарите, пренесе Радио-телевизија Србија, повикувајќи се на грчки и албански медиуми.

На погребот, кој се одржа вчера во селото Буларат, присуствуваа неколку стотици Грци, кои мавтаа со знамињата на својата земја носејќи транспаренти со натпис „Северен Епир и Македонија се грчки“ и „Константинос е херој“.

Освен големиот број Грци, на погребот имаше и голем број полицајци, кои го обезбедуваа настанот, со денови опишуван како сериозен тест за односите меѓу двете земји.

Ковчегот со телото на убиениот исто така беше покриен со грчко знаме.

Случајот со Константинос Кацифас драматично ги влоши и онака не многу добрите односи меѓу Грција и Албанија и го покрена прашањето на односот на Тирана кон малцинските заедници.

Грчките десничари, од кои најмногу се плашат и Атина и Тирана, тврдат дека Кацифас е „ладнокрвно убиен“, иако албанската полиција во неколку наврати изјави дека тој бил убиен откако пукал во полициско возило и потоа избегал во блиската шума.

Верзијата на албанската полиција беше поткрепена и со видеоснимка на која се гледа како Кацифас пука од „калашников“, како и со фотографии од оружјето.

Семејството на настраданиот Грк, пак, тврди дека Кацифас бил убиен откако ги кренал рацете и го фрлил своето оружје.

Грчкото Министерство за надворешни работи го нарече убиството на Кацифас „неприфатливо“.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе