Авиони од времето на Енвер Хоџа

Албанија ги продава своите прастари мигови (ВИДЕО)

На соголена планина на северот на Албанија се наоѓа портата кон албанското комунистичко минато. Вкопана во срцето на планината, зад масивни челични рати, скриена е авионска база.

Тие 600 метри планински тунели некогаш вриело од војнички живот, но сега воздухопловната база Гјадер е магацин за десетиците застарени „мигови“, кои собираат прашина во темнината.

Три децении по падот на комунизмот албанските власти се обидуваат да ги продадат прастарите авиони од советско или кинеско производство. „Го усогласуваме своето вооружување со стандардите на НАТО“, вели началникот на генералштабот Бардиљ Колчаку. „А што се однесува до „миговите“, освен носталгијата, поради што ќе задржиме неколку во своите музеи, останатите ги нудиме на продажба“, додава тој. Албанските МиГ-17, 19 и 21 одамна се отпишани.

Музеи, школи и колекционери изразија намера да им дадат нов дом на воздухопловните реликвии. Кога Албанија првпат ја најави можноста за продажба на авионите, на владата ѝ стигнаа барања од музеј на воздухопловство во Франција и школа за летање во Германија. Продажбите до ден денес не се остварени од бирократски причини.

На листата на чекање има и поединци, ентузијасти и вљубеници во авионите, вклучувајќи го и францускиот претприемач Жулиен Роше, кој еден од „миговите“ би сместил во својата градина. „Не е едноставно да се набави таков авион бидејќи повеќето се уништени, а овие во Албанија се зачувани“, вели тој. Тој се пријавил за еден од најстарите модели, МиГ-15 од кинеско производство. Почетната цена е едвај 10.000 евра.

Како и седумте илјади бетонски бункери наредени низ земјата, воздухопловната база Гјадер со своите тунели била дел од планот на диктаторот Енвер Хоџа да ја утврди државата во страв од странска инвазија. Иако одамна не се користи, базата и понатаму е затворена за јавноста.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе