Албанија ден потоа: Во Драч повеќе никој не плаче (ФОТО+ВИДЕО)

Во Албанија денес е Ден на жалост поради жртвите на земјотресите во кои загинаа 27 луѓе, додека над 650 се повредени.

Знамињата на сите институции во АЛбанија денес ќе бидат спуштени на пола копје, додека училиштата ќе бидат затворени. Фудбалскиот сојуз на Албанија ги откажа сите натпревари неделава. Вчера и претседателот Хаши Тачи го прогласи 27 ноември за Ден на жалост на Косово.

Спасувачките служби сѐ уште трагаат по преживеани под урнатините. Според последните информации, загинале најмалку 27 луѓе, а над 650 се повредени. Од урнатините се извлечени повеќе од 40 луѓе, а се трага за уште петнаесетина.

Сите спортски сали во престолнината на Албанија се отворени за згрижување на граѓаните.

Помош пристигна од земјите на Европа и светот, како и од регионот.

Епицентарот на најсилниот потрес беше на длабочина од 12 километри во близина на Драч. Последиците на земјотресот се најтешки во местото Туман, 30 километри северно од Тирана, како и во Драч.

Во Драч повеќе никој не плаче ниту кука по улиците, но голема е неизвесноста, јавуваат агенциите.

„Немам каде да се вратам. На собаа во која спијам ѝ недостига цел ѕид. Во сите останати простории или е пукнат ѕидот или се урна плафонот. Моето семејство и јас ќе преспиеме ноќеска во куќа на пријател која не е толку оштетена, но што понатаму – не знам“, изјави момче од дваесетина години.

Друго момче кажа дека во животот не видел ништо пострашно. Тој кажа дека училиштата се затворени, не работат ни банките, а, како што кажа, веднаш по земјотресот струјата во целиот град била целосно исклучена од претпазливост, но набрзо била повторно вклучена.

Продавниците и самопослугите се отворени. Мобилната телефонија работи.

Најмногу настрадале старите згради, додека повеќето новоградби се без потешки оштетувања. Оние кои имаат каде да заминат отишле надвор од Драч, на село.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе