Ја гаѓале полицијата, користеле димни бомби

Албанија: Демонстрантите се обиделе да влезат во парламентот (ВИДЕО)

Поддржувачи на албанската опозиција се обиделе денес да влезат во парламентот за време на протестот во кој се бара оставка на владата и предвремени избори.

Демонстрантите предводени од Демократската партија на десниот центар со димни бомби и разни предмети ја гаѓале полицијата со која се судриле во обид да го пробијат кордонот кој ја штити зградата на парламентот.

За време на собирот, лидерот на Демократската партија Лулзим Баша, испрати порака до премиерот на земјата.

„Еди Рама, те охрабрувам да размислиш, бидејќи нема уште долго да бидеш во таа канцеларија".

„Не се плашиме и нема да се повлечеме. Нашата битка ќе продолжи до крај. Нема шанси да ги третираш луѓето како да се овци“, рече Баша.

Опозицијата ја обвинува левичарската влада на премиерот Еди Рама дека е корумпирана и поврзана со организиран криминал, што владата го отфрла.

Од средината на февруари, поддржувачите на опозицијата повеќе пати се обидуваат да влезат во парламентот или во зградата на владата, а полицијата ги спречува со солзавец и водени топови.

Владејачката Социјалистичка партија на Рама вели дека протестите му наштетуваат на напредокот на Албанија кон членство во Европската унија.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе