Албанците загрижени поради барањето за враќање на визите, стравуваат од домино ефект

Албанскиот претседател Илир Мета, по повод одлуката на холандскиот парламент за враќање на визите, кажа дека Тирана треба да направи сѐ во нејзина моќ за одлуката да не предизвика домино ефект.

Станува збор за барањето на холандскиот парламент за суспензија на безвизниот режим со Албанија.

„Постапката на холандскиот парламент е без преседан, колку што ми е познато, досега не се случило да постои такво барање за западниот Балкан и нашата држава. Се разбира, тоа е аларм и ние мора да испратиме силни пораки до организираниот криминал, кој не е загрижувачки само во Холандија, туку и во други земји како Британија“, истакна Мета.

Албанија мора потесно да соработува со Европската комисија за да не се случи ситуација која би довела до негативна перцепција за Албанија, кажа Мета, и додаде дека овој случај покажува дека „се појавуваат одредени појави кои можат да бидат штетни и ранливи“ за неговата земја.

Тој предупреди дека постои можности Албанија да се соочи со слични одлуки од другите земји членки на ЕУ.

„Важно е да реагираме и кон нашите граѓани и кон меѓународните партнери“, кажа Мета.

Четворица холандски пратеници иницираа да се укине безвизниот режим на патување за албанските државјани во Шенген зоната, во рамки на борбата против организираниот криминал.

Предлогот беше усвоен во парламентот на Холандија на 11 април, по што од холандската влада ќе се побара да ѝ предложи на Европската комисија да ја почне процедурата „вонредна кочница“, која овозможува суспенција на безвизните патувања.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе