„Албанците воопшто немаат поддршка од САД како што мислат“

Посетата на косовскиот координатор за разговорите со Србија Скендер Хисени на Вашингтон изгледаше комично, оценува директорот на српскиот Центар за глобализација Дејан Милетиќ.

EPA-EFE

„Ситуацијата во која хисени г повикува САД да учествуваат во разговорите е повеќе од смешна. Ниту Хисени ги организира разговорите, ниту пак е тој оној кој може некого да кани. Ниту САД треба некој да ги кани. Без САД е невозможно да се склучи договор. Сето тоа изгледаше комично“, изјави Милетиќ за Косово онлајн.

Според него, Американците не му придаваат големо значење на дијалогот кој се води под покровителство на ЕУ, ниту инсистираат да учествуваат во него.

Го следат од дистанца, а претставниците на Албанците ја немаат таа поддршка која постојано ја очекуваат и на која сметаат.

Смета дека Приштина со посетата на Хисени на Вашингтон покажува дека всушност бара дополнителна поддршка.

„Очигледно е дека не знаат што прават, и дека ссе обидуваат да се оправдаат за тоа што ја откажаа средбата со специјалниот претставник на белата куќа Ричард Гренел, тоа што на некој начин го загрозија односот со администрацијата на САД, бидејќи ако некој ум удираше шлаканици на Доналд Трамп и неговата администрација, тоа беа Албанците во овој процес“, потсетува Милетиќ.

Исто така, според него, се гледа дека времето на уценување на Србија поминало, како и времето кога САД безрезервно ги поддржуваа Албанците.

„Никогаш повеќе нема да се врати таа политика на САД која нема да ја уважува Србија. Многу геополитички промени се случија, и Србија значително се промени. Фактот што американскиот државен секретар Мајк Помпео одбил да се види со Хисени, укажува дека се во хаос. Ова се сигнали на немоќ“, заклучува Милетиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе