Албанците од Србија погодени од проблемот со српските пасоши, испраќаат итни барања до косовската влада

Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа испратија жалба до Албанскиот национален совет на одликата да не се признаваат српските пасоши на приштинскиот аеродром, јавува Косово онлајн.

Албанскиот национален совет испратил итно барање Албанците од овие три општини на југот на Србија да се изземат од мерките, се вели во писмото упатено до министерството за надворешни работи на Косово.

„Албанскиот национален совет ги поздравува одлуките на косовската влада кои ја јакнат косовската државност. Меѓутоа, преземените мерки директно влијаат и врз албанската заедница во Прешево, Бујановац и Медвеѓа, што претставува двојна дискриминација на Прешевската долина. Албанците традиционално го користат приштинскиот аеродром Адем Јашари за патувања, додека оваа мерка ја отежнува и комуникацијата на Албанците со дијаспората“, се наведува во писмото.

Ова е втор пат Албанскиот национален совет да им се обраќа на косовските институции за Албанците од југот на Србија да бидат изземени од реципрочните мерки околу непризнавањето на српските документи.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе