Албанците обвинети дека ги кршат законите на Црна Гора: Албански знамиња допрва ќе се веат!

Ник Џелошај, претседателот на партија на Албанците во Црна Гора, Албанска алтернатива, ги повика сонародниците да продолжат да го истакнуваат албанското знаме, а ако бидат казнети, казните ќе им ги плаќа неговата партија.

Џелошај оцени дека албанското знаме во Црна Гора во последно време станало „трн во око“ на полициските службеници во општините каде што живеат Албанци, а одлуката за казнување на нивното истакнување го нарече „залудна работа“.

Тој порача дека ни полицијата ни судовите не можат да ги сопрат Албанците да го носат своето национално знаме и, како што кажа, да ја устакнуваат својата љубов кон него.

„Колку и да се ангажирани, не се во состојба да казнуваат колку што сме спремни да платиме, за да го одбраниме нашето знаме, нашата гордост која ги врзува Албанците насекаде. Албанските знамиња допрва ќе се веат во Црна Гора“, кажа претседателот на АА, а пренесуваат црногорските медиуми.

Џелошај кажа и дека Албанците се автохтон народ во Црна Гора и дека ја почитуваат како своја држава.

„Но, омразата која ја искажуваат одредени институции кон националното знаме на Албанците во Црна Гора е проблем кој веќе е невропсихијатарски случај“, наведе Џелошај.

Тој ги повика Албанците кои ќе бидат казнети поради тоа, како што кажа, што се сакаат себе и своето знаме, да ѝ се јават на Албанска алтернатива за да ги преземат сите трошоци што ги имаат сѐ додека политичките претставници на Албанците не го решат тој проблем на институционален начин.

До тогаш, порача тој, граѓаните да продолжат да го истакнуваат своето национално знаме и да ги издржат „уште некој ден“, како што наведе, „заостанатите поединци кои ги мразат Албанците, а кои сѐ уште се на одговорни позиции во Црна Гора“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе