Според косовските медиуми

Албанци од Косово одат на вакцинирање во Србија

Со фактот дека Косово е меѓу последните според бројот на вакцинираните, косовските медиуми јавуваат дека, покрај Србите, сè поголем број Албанци заминуваат во Србија за да примат вакцина.

EPA-EFE

Газета експрес наведува дека „илјади Албанци од Косово, главно постари, одат на пунктовите за вакцинирање во Србија, најчесто во Рашка, а дека косовската влада нема одговор и решение за овој проблем.

Иако прашања за оваа тема се испратени до кабинетот на премиерот Аљбин Курти, министерството за здравство и министерството за внатрешни работи, Газета не добила одговор од ниедна од овие институции.

На овој проблем укажуваат и членови на одборот за здравство на косовското собрание, а членот на овој одбор од редовите на ДПК Беким Хаџиу потсетува дека косовската влада одбила помош во вакцини од Албанија и дека поради недоволното количество вакцини, Албанците одат во Србија да се вакцинираат.

„Имајќи предвид дека владата не успеа да обезбеди вакцини, имаме информации дека многу граѓани ќе бидат вакцинирани во Србија. Додека владата одби вакцини од Албанија, дел од жителите на Гњилане и Приштина одат во Прешево, додека граѓаните на северниот дел на Косово организирано одат во Нови Пазар. Граѓаните наоѓаат алтернативни начини, а косовската влада само гледа“, изјави Хаџиу.

Тој додаде дека, иако ситуацијата со пандемијата е загрижувачка, нема извештај од министерот за здравство Арбен Витија.

Приштина до сега успеа да обезбеди околу 29.000 вакцини кои пред сè беа наменети за имунизација на здравствените работници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе