Албанци со скапи автомобили го блокираа сообраќајот во центарот на Лондон. Фараж: Господ нека ни е на помош (ВИДЕО)

Многу Албанци синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на независноста на својата земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го запираат сообраќајот.

Фото: скриншот

Меѓу многуте скапи автомобили имало виолетово Ламборџини Хуракан и Мерцедес Г-класа, кои чинат меѓу 120.000 и 160.000 фунти. Додека возачите свиреле, млади жени танцувале по улиците во традиционални фустани.

„Полицијата беше известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегоа на терен за да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција било приведено едно лице.

Додека мажите во автомобилите свиреле, девојки во народни носии изведувале традиционални народни ора, а се фрлале и петарди. Снимките и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите жители на Лондон, пишува Дејли Мејл.

„Албанците во Лондон кои го прославуваат својот Ден на независноста себично ги блокираа Странд и плоштадот Трафалгар додека луѓето излегуваа од кино во 22 часот“, реагираше еден корисник на Твитер. „Една од причините зошто ми требаше толку долго да се вратам дома вчера“, додаде друг корисник.

Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поборници на Брегзит. „Ова беше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош“, напиша Фараж на својот Твитер профил.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе