Алабама усвои закон со кој абортусот се казнува со доживотен затвор

Сенатот на американската држава Алабама донесе закон за забрана на абортусот, со многу мали исклучоци, што ќе биде најстрогиот закон за абортус во Америка кога гувернерката на Алабама ќе го потпише.

Сенатот на Алабама, каде што републиканците имаат мнозинство, гласаше со 25 спрема шест гласа за тоа абортусот во која било фаза од бременоста да се смета за кривично дело казниво со 99 години затвор или доживотен затвор за оној што извршил абортус.

Единствен исклучок ќе биде ако здравјето на жената е сериозно загрозено.

Сенаторите го отфрлија предлогот за изземање на случаите на силување или инцест.

Републиканката Тери Колинс, која го поднесе предлог-законот, рече дека очекува гувернерката на државата, Кеј Ајви, да ја потпише забраната за абортус, со што таа ќе стане закон.

Гувернерката не даде никакви индикации како ќе одлучи.

Законот претходно беше усвоен во претставничкиот дом на таа американска држава. Поддржувачите на законот велат дека тој е наменет за спротивставување на историската одлука на американскиот Врховен суд на САД од 1973 година, т.н. одлука Роу против Вејд, според која абортусот бил легализиран на национално ниво во САД.

Тие се надеваат дека ова ќе го поттикне Врховниот суд на САД повторно да го разгледа правото на абортус.

Охрабрени од новите конзервативни судии што влегоа во Врховниот суд на САД, противниците на абортусот во неколку држави се обидуваат да ја оспорат дозволата за абортус, важечка за целата земја.

Американските држави Кентаки, Мисисипи, Охајо и Џорџија ја одобрија забраната за абортус од моментот кога се слуша чукањето на срцето на фетусот, што може да се случи околу шестата недела од бременоста.

Законот усвоен во Алабама оди подалеку и бара целосна забрана за абортусот.

За разлика од другите американски држави, Алабама ги казнува само оние што го вршат абортусот, а не жената.

Демократскиот сенатор Боби Синглтон, кој гласаше против законот, рече дека Алабама треба да се засрами.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе