Активистката Грета Тунберг ги инспирира другите да се борат против климатските промени (ВИДЕО)

Шеснаесетгодишната шведска климатска активистка Грета Тунберг гостуваше во емисијата Дејли шоу на американската телевизија Комеди Централ.

Грета во оваа прилика предупреди за човековиот однос кон природата.

„Како поединци, треба да ја искористиме моќта на демократијата за нашите гласови да се слушнат и за луѓето кои имаат моќ да не можат веќе да ги игнорираат“, е главната порака на Грета од интервјуто.

Грета две недели патуваше преку северен Атлантик со брод без тоалет и кујна, кој не испушта јаглерод диоксид. Бродот се снабдува со електрична енергија исклучиво преку ветерни турбини и соларни панели, што значи дека патувањето поминало без штетни емисии на јаглерод. Грета престана да лета со авион заради грижата за животната средина.

Таа на 23 септември во Њујорк ќе присуствува на климатскиот самит на ОН, кои најавија дека ќе ја пречекаат со почести и флотила од 17 едрилици - една за секоја од 17-те цели за одржлив развој кои меѓународната организација планира да ги постигне до 2030 година.

Инаку, Грета имала само осум години кога го гледала документарниот филм за климатската криза и се запрашала како политичарите и возрасните воопшто можат да зборуваат за било што друго, ако единствено тоа е важно? Грета има фотографска меморија и започнала да ја проучува климатската криза и начинот на кој за неа се зборува во медиумите.

Таа ги навела родителите да го сменат начинот на живот и мајка ѝ да ја напушти работата, заради која морала често да патува со авион. Тоа бил првиот знак на силната волја на Грета и моќта на убедување.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе