Активистите ги повикуваат Иранките да го симнат хиџабот во знак на протест

Иранските активисти за човекови права ги повикаа жените на Националниот ден на хиџабот и невиноста да ги отстранат своите превези во јавност, ризикувајќи да бидат уапсени поради пркосење на исламскиот кодекс на облекување додека тврдокорните владетели во земјата се борат против „неморалното однесување“. 

Фото: ЕПА

Според иранскиот исламски шеријатски закон наметнат по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за покривање на нивните фигури. Прекршителките се соочуваат со јавна опомена, парична казна или апсење.

Децении по револуцијата, свештеничките владетели сè уште се борат да го спроведат законот, но многу жени од сите возрасти и потекло носат тесни јакни до бутовите и марами со светли бои повлечени наназад за да ја откријат косата. Критичарите и активистите ги гледаат засилените напори на естаблишментот да го наметне хиџабот како дел од задушувањето на поширокиот бунт поради растечко незадоволство од економските проблеми во земјата и зголемениот притисок на Западот врз Иран поради неговата спорна нуклеарна програма.

Додека државата одржува прослави на Националниот ден на хиџабот и невиноста низ целата земја, активистите за човекови права го критикуваа потегот и ги повикаа жените да ги тргнат превезите.

„Националниот ден на хиџабот и невиноста е само изговор да се таргетираат жените и да се почне нов бран на репресија против иранскиот народ, особено против жените“, се вели во заедничката изјава на десетици истакнати активистки за правата на жените. Во знак на граѓанска непослушност, хаштагот #No2Hijab со денови е широко распространет на социјалните мрежи од Иранците надвор и внатре во земјата.

Социјалните мрежи се преплавени со видеа на кои жени го соблекуваат хиџабот додека шетаат по улиците или ѝ се спротивставуваат на моралната полиција. „Треба да имам право да одлучувам што сакам да облечам и да не бидам затворена поради мојот избор. #No2Hijab“, напиша една корисничка на Твитер.

Во кампањата се приклучија и некои жени што доброволно носат превез, како и мажи. „Немам превез да го симнам. Но ќе излезам на улица за да ги поддржам и бранам жените и девојките од мојата земја. #No2Hijab“, напиша на Твитер @mashmolak.

Меѓународната кампања за човекови права во Иран (ИЦХРИ) со седиште во Њујорк во понеделникот рече дека постои „голема загриженост поради сѐ поголемото насилство и притворања“. Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс објави дека неколку лица биле уапсени во понеделникот.

Кампањата #No2Hijab се совпадна со повеќемесечни протести на наставниците, пензионерите, работниците и државните службеници поради неисплатените плати, ниските пензии и вртоглавото зголемување на цените на храната, а демонстрантите повикуваат на политички промени.

„Ова е како да се долева масло на огнот. Луѓето веќе се лути поради високата инфлација и растот на цените. Тие се многу фрустрирани“, изјави поранешен ирански владин претставник. „Силата никогаш не функционираше.“

Бранови протести против носењето хиџаб го погодија свештеничкиот естаблишмент во последните години. Во 2014 година, активистката за човекови права Масих Алинеџад почна кампања на Фејсбук, „Мојата скришна слобода“, во која сподели слики од Иранки без хиџаб испратени до неа.

Според групите за човекови права, десетици жени се затворени во Иран поради нивниот активизам против присилното забулување. „Естаблишментот се плаши од женска револуција, која веќе почна денес“, изјави Алинеџад за Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе